Нашите најдобри одбојкари ја забележаа и втората победа на турнирот во Сребрената европска лига. Тие денеска во Струмица го совладаа Израел со 3-1 (21-25, 25-22, 25-23 и 25-23).
По лошиот почеток во првиот сет кога Израелците успеаа да слават со 25:21, Македонија заигра во препознатлив ритам и во наредните три сета успеа да дојде до полн погодок. Нашиот капитен,
Никола Ѓорѓиев со 23 поени беше најдобар реализатор
Утре во последното коло ние ќе излеземе на магдан со Данска додека во вториот меч ќе се сретнат Израел и Кипар.

