Нашиот ракометар,Филип Лазаров, по втората победа во групата „Б“ обезбедена на мечот со Бахреин, вели, дека сме одиграле добро во одбраната и дека тоа било клучниот фактор да се прокнижат новите два бода.
„Во претходниот натпревар примивме 29 голови а сега 23, со тоа што игравме порелаксирано на крајот и затоа треба да бидеме задоволени. Сигурен сум дека имаме шанси против Хрватска“ – потенцираше нашиот репрезентативец.
„Хрватска ќе биде фаворит а има и поголем ростер. Ние не смееме да калкулираме, треба на секој меч да одиме на победа“ – вели Филип Лазаров.