Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Словенија иако водевме се до самиот финиш на оваа средба. Нашата репрезентација одигра добро прво полувреме, но не успеа да постигне гол за водство, а не дозволи ниту Словенија да го отвори резултатот, па на одмор се замина со 0:0.
Во второто полувреме Македонија почна многу подобри и тоа резултираше со гол за водство во 55.минута кога по центаршутот на Алиоски, Елмас од прва шутираше во спротивниот агол за водство на Македонија од 1:0.
До крајот на натпреварот Македонија имаше неколку шанси, посебно за одбележување беша онаа на Адеми, но не успеавме да ја осигураме победата. Кога сите чекаа крај на мечот, во 97. минута, Словенците од првата шанса и првиот шут во рамки на голот на Димитриевски дојдоа до нерешени 1:1. Стрелец беше Чрнигој, кој доби топка од Бијол и постигна гол за израмнување.
Македонија својот следен натпревар, кој впрочем ќе биде и последен пред настапот на ЕП ќе го игра исто така на Арената „Тодор Проески“ против Казахстан, во петок на 4 јуни.

