Македонската ракометна репрезентација денеска го започнува својот 9-ти настап на Европските првенства, осмо по ред. Нашата селекција на ова ЕП кое се одржува по 17-ти пат ќе биде во групата Б која се игра во Хернинг, Данска. Организатори на ЕП се Данска, Норвешка и Шведска.
Прв ривал на Македонија ќе биде светскиот и олимписки првак Данска и тоа на нивни терен во „Јуске Банк Боксен Арена“ во Хернинг.
Против Данска досега имаме одиграно осум официјални натпревари, од кои шест на големите натпреварувања, и две квалификациски средби.
Само една победа на осумте соочувањата, на првиот меч од квалификациите за ЕП 2022, на мечот кога Кирил Лазаров дебитираше како селектор во Скопје со 33:29.
Бевме во игра за позитивен резултат против Данска и на оној незаборавен натпревар на ЕП 2012 во Србија , кога во Белград загубивме само со гол разлика, а потоа и на СП 2013 кога негативата беше три гола.
Сите останати пет меча ги загубивме со поголема разлика од осум. Како ќе биде вечерва на теренот во Хернинг.
Meѓусебни натпревари: МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА
25.01.2009, Задар, Данска – Македонија, СП, 32-24
21.01.2012, Белград, Данска – Македонија, ЕП, 33-32
18.01.2013, Севиља, Данска – Македонија, СП, 33-30
12.01.2014, Хернинг, Данска – Македонија, ЕП, 29-21
24.01.2018, Вараждин, Македонија – Данска, ЕП, 20-31
11.03.2021, Скопје, Македонија – Данска, квалификации за ЕП, 33-29
14.03.2021, Алборг, Данска – Македонија, квалификации за ЕП, 37-21
17.01.2022, Дебрецин, Македонија – Данска, ЕП, 21-31
Секако дека Хернинг и Данска не враќаат на не така далечната 2014 година кога македонските ракометари исто така играа овде и тогаш ја минаа прелиминарната фаза и се пласираа во главната групна фаза, а беа предводени од селекторот Ивица Обрван.
На стартот исто така игравме против домаќинот Данска, и тоа во Хернинг, каде што ќе играме и вечерва. По очекуваниот пораз од 29:21, следуваа два израмнети натпревари, реми со Чешка и победа против Австрија, кои ни донесоа место во главната фаза меѓу шеснаесетте најдобри.
А група:
Македонија – Данска 21:29
Македонија – Чешка 24:24
Македонија – Австрија 22:21
Во главаната групна фаза одигравме уште 3 натпревари во кои бевме поразени од
Македонија – Унгарија 25:31, Македонија – Исланд 27:29 и Македонија – Шпанија 22:33
Вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Данска се игра со почеток од 20.30 часот, а пред овој натпревар од 18.00 часот во нашата група ќе играат Португалија и Романија.

