По натпреварот против Бугарија на гостински терен во рамките на првото коло од Лигата на нации, Македонија денес ја очекува уште еден гостински натпревар.
Нашиот национален тим гостува кај аутсајдерот во групата, селекцијата на Гибралтар, кај која сѐ освен освојување на три бода, ќе биде неуспех. Македонија го респектира противникот, но селекцијата на Гибралтар не треба да биде противник од кој треба да стравуваме.
Селекторот Благоја Милевски и неговите избраници се свесни за тоа и ќе одат на победа на гостувањето каде досега минуваа лесно низ историјата.
Токму Гибралтар беше „виновникот“ за патот на Македонија кон историското Европско првенство во 2020 година како првопласирана во групата 4. Во тогашното издание од Лигата на нациите, овој национален тим го приреди најголемото изненадување и дома ја совлада Ерменија (1-0), што е најголем резултат во историјата на оваа селекција. Се работи за тим кој игра прилично дефанзивно и гледа да прими што е можно помалку голови.
Македонија досега двапати играше со Гибралтар и двапати победи. Во изданието од Лигата на нациите во сезоната 2018/19, во рамки на Лигата Д, нашиот национален тим славеше на гости 0:2 со головите на Иван Тричковски и Езџан Алиоски во првото полувреме, додека дома победивме со 4:0, стрелци беа Илија Несторовски (двапати), Енис Барди и Александар Трајковски. Ова ни дава надеж дека и на денешниот натпревар ќе дојдеме до победа со повеќе голови разлика.