Фудбалската репрезентација на Македонија велерва го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година.
Нашите репрезентативци вечерва играат против Словенија на гостински терен, а со оваа репрезентација не врзуваат убави сппомени.
Токму дуелот со Словенија во 1993 година, беше првата средба по осамостувањето на нашата држава, меч кој се одигра во Крањ и кој е длабоко запишан во фудбалската историја на нашата земја кога победивме со 4:1.
Вечерва не очекува сосема различен натпревар во Љубљана. Словенија направи промена на селекторската позиција, но и понатаму е во криза затоа што седум натпревари по ред нема победа. На последните седум атпревари има четири нерешени по ред, но и три порази.
Во меѓусебните натпрвеари, а ги имаме одиграно вкупно четири, Македонија има скор од 3 победи и еден пораз.
Меѓусебни натпревари на Словенија и Македонија:
13.10.1993 – Словенија – Македонија 1:4
23.03.1994 – Македонија – Словенија 2:0
14.11.2012 – Македонија – Словенија 3:2
23.03.2016 – Словенија – Македонија 1:0
Интересно е тоа што вечерашниот натпревар во Љубљана ќе биде прв од официјален карактер за двете репрезентации, затоа што досега сите четири кои сме ги играче со Словенија биле пријателски.
Средбата меѓу Словенија и Македонија започнува од 20:45 часот, а ќе се игра на стадионот „Стожице“ во Љубљана. Капацитетот на овој стадион е 16.000 места за седење, а на него се очекува Македонија да ја бодрат околу 2000 гледачи кои доаѓаат од околнуте земји, но и од Македонија.