Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија сака победа против Велс! Да се повтори 2013-тата
    Фудбал

    Македонија сака победа против Велс! Да се повтори 2013-тата

    risteBy riste25/03/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го пречекува Велс во рамките на втората рунда од квалификациите за Мундијалот 2026. Нашиот селектор, Благоја Милевски, вели дека сме подготвени да дојдеме и до втора победа во обој квалификациски циклус.

    „Треба да бидеме совршени на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Пред мечот со Лихтенштај и сега, емоциите се тука, мислам дека самата подготовка за овие натпревари е посебна тешка за мене и фудбалерите“ – рече Милевски. „Околностите за жал се тие, се надевам дека никогаш повторно нема да се соочиме со такво нешто. Сакаме на еден начин да се оддолжиме за жртвите и да го израдуваме овој народ со победа“,  потенцираше Милевски.

    Велс по вторпат доаѓа во Скопје, откако во 2013 година ги победивме со 2:1 во квалификациите за СП 2014 година. На тој меч Тричковски и Александар Трајковски погодија за Македонија. Сегашниот селектор на Велс, Крег Белами, тогаш беше првотимец во составот на островјаните.

    Мечот вечерва започнува од 20.45 часот, а ќе го следите во живо и на Спортското радио 90.3 фм.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.