Фудбалската репрезентација на Макеоднија полека се комплетира, а тројца од првотимците, Горан Пандев, Ељиф Елмас од Италија и езџан Алиоски од Англија пристигнаа во хотелот ТЦЦ „Гранд Плаза“ и му се ставија на располагање на Игор Ангеловски.
За Пандев и Елмас вчера се појавија шпекулации дека може да не пристигнат по одлуки на властите во Италија односно нивните клубови Џенова и Наполи, но еве и двајцата се веќе во Македонија. Веднаш се сместија во хотелот, а вечерва се очекува да го имаат и првиот тренинг.
Исто така со нив пристигна и Езџан Алиоски од Лидс јунајтед. Во текот не денот веќе во базата на македонија беа пристигнати Илија Нестороски, Бобан Николов, Висар Муслиу, Стефан Ристовски, Костадинов, Стојановски и останатите.

