Македонската фудбалска репрезентација се комплетираше на подготовките за натпреварот против Лихтенштајн, кој се игра во рамки на претпоследното коло од Лигата на нациите односно во групната фаза.
Селекторот Игор Ангеловски веќе може да смета на сите повикани фудбалери затоа што веќе се приклучија Горан Пандев и Езџан Алиоски кои пристигнаа последни.
За жал поради болки во грбот со намален интензитет денес тренираше Елиф Елмас, додека поради болки во рамото исто така со намален ритам тренираше голманот на Арсенал Дени Илиев.Во убава атмосфера со прекрасно расположение го започнаа, а со сериозност на лицата го одработија планираниот тренинг.
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија на кој „црвено-жолтите“ се големи фаворити се игра на 16 ноември (петок) од 20:45 часот.