Македонската фудбалска репрезентација успеа да остане непоразена на гостувањето во Гент, Белгија во натпреварот од квалификациите за СП 2026 година.
Целта на нашите репрезентативци беше да се извлече бод од ова тешко гостување, а таа цел е остварена со добра дефанзивна игра во текот на целиот натпревар. И покрај тоа што Белгија очекувано доминираше низ целиот натпревар, сепак издржа нашата одбрана и не дозволија да примат гол. Неколку добри удари на Де Бруин, Фофан, Доку успеа да ги одбрани Столе Димитриевски и дане им дозволи на домашните фудбалери да се радуваат на победа.
Сега Макеоднија на две кола пред крајот на квалификациите има се во свои раце затоа што има бод предност пред Белгија и два пред Велс.
Токму овие две репрезентации во понеделник ќе треба да играат меѓусебна средба во Велс, а по тој натпревар ќе може да бидат работите многу јасни.
Секако ќе треба и Македонија да си ја заврши задачата во Скопје против Казахстан, за да може на последниот натпревар во Велс оди на резултат кој би не однел директно на СП или во баражот.
photo: ffm.mk

