Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија се подготвува за првиот меч од УЕФА Лига на Нации
    Фудбал

    Македонија се подготвува за првиот меч од УЕФА Лига на Нации

    risteBy riste04/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската сениорска фудбалска репрезентација го одработи првиот тренинг во Гибралтар, планирани се вкупно трите тренинзи на „Викторија стадионот“ каде в четврток против домашната селекција ги отвораме натпреварите од УЕФА Лига на Нации.

    Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски заедно со комплениот состав реализираше едночасовен тренинг по пристигнувањето во Гибралтар.

    Нашиот фудбалер од средниот ред, Бобан Николов вели дека почетокот на натпреварувањето е исклучително важен и дека сите ќе го дадат максимумот за да се оствари победа.

     

    „Двата први натпревари и против Гибралтар и против Ерменија се многу важни. За нас ова е голем предизвик, но треба да одиме чекор по чекор кон првото место. Сега се фокусираме на мечот против Гибралтар, а многу е важно да почнеме со победа. Очекувам добар натпревар, треба да влеземе максимално подготвени. Реално, ние сме фаворити, но не треба да потцениме ниедна репрезентација, затоа што фудбалот носи секакви изненадувања“, вели Николов.

    Деванзивецот Висар Муслиу вели дека ова натпреварување е наша голема шанса и треба да сториме се за да го оствариме сонот и да се пласираме на првото место во групата.

    „Знаеме дека нема лесни натпревари и така ќе се однесуваме и на дуелот со Гибралтар. Не го знаеме нивниот квалитет, но имаме доволно време да анализираме и да ги забележиме нивните слаби страни, а в четврток да славиме прва победа“, изјави Муслиу.

    Македонија в четврток од 20:45 часот го игра натпреварот на стадионот со вештачка трева во Гибралтар.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.