Трет пораз во серија за нашата најдобра фудбалска репрезентација во групата 1 од „Б“ сегментот во Лигата на Нации.
На Арената во Скопје загубивме од Шкотска со 2-0 во крајно бледа и неинвентивна игра во речиси целиот тек на мечот. Головите за гостите беа дело на Бови со седмата минута и на МекГин од пенал во 69 минута.
Во вториот меч во нашата група Швајцарија ја совлада минимално Словенија со 2-1. Во наредното коло во вторник ние ќе се појавиме на теренот на Швајцарците додека Шкотска ќе и биде домаќин на Словенија.

