Нема никакви промени на најновата ранг листа на ФИФА бидејќи фудбалот е ставен во мирување поради пандемијата со корона-вирусот.
Тоа значи дека Македонската фудбалска репрезентација во очекување на баражот со Косово во Лигата на нации остана на 68. место со 1347 бодови.
На врвот на листата води Белгија со 1765 бодови пред Франција со 1733 бода и Бразил со 1712 бода. Во топ 10 се влезени и: Англија Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

