Македонската фудбалска репрезентација со 0:2 славеше на гостувањето кај Малта и ја оствари втората победа во квалификациите за ЕП 2023. Четата на Благоја Милевски помалку и рутински ја освои Малта, откако пред неколку дена во Скопје против Италија одигра 1:1.
Македонија можеше и поубедливо да слави, но имавме неколку добри ситуации кои не успеавме да ги претвориме во гол. Вечерва Милевски направи и неколку промени во составот, но сето тоа во знакот на борбата за бодови која на крајот излезе успешна мисија.
Елмас погоди во 5. минута за водство од 0:1, а конечните 0:2 беа дело на Манев во 41. минута.
Следниот меч за Македонија е против Украина на гости на 14 октомври.