Во одлично издание, македонската фудбалска репрезентација оствари убедлива победа од 3:1 на пријателскиот натпревар со Ерменија денеска во Струмциа. По поразот од Украина во квалификациите за ЕП, денеска нашите репрезентативци одиграа одличен меч во кој доминираа сите 90 минути и сосема заслужено на крајот славеа со убедлив резултат.

Ова е втора последователна победа која ја имаме над Ерменците, откако ги совладавме и во квалификациите за СП 2022 пред две години и тоа на гостински терен. Денеска избраниците на Боби Милевски одиграа одличен меч и покрај тоа што средбата ја започнаа голем дел од резервистите на оној дуел со Украина. Тоа не ни пречеше со голот на Трајковски во 43. минута да поведеме со 1:0, а брзо на стартот на вториот дел со голот на Милан Ристовски (59’) и да зголемиме на 2:0.

Само што влезе во игра во последните десетина минути, Ердон Даци успеа да се запише во листата на стрелците за 3:0, а упорните Ерменци во последните секунди од средбата со голот на Спетсјан од слободен удар намалија и ги поставија конечните 3:1.
За Македонија следни два меча ќе бидат оние ноемвриските во квалификациите за ЕП против Италија и Англија.

