Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова, ќе биде единствениот македонски спортист кој ќе настапи на претстојните Параолимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 28 август до 9 септември.
Наковска Бикова веќе ги заврши подготовките и нејзините резултати се во нагорна линија. Сега следат завршни подготовки пред заминување за Париз каде треба да се аклиматизира и подготви за настап. Оливера Наковска Бикова ќе настапи во три стрелачки дисциплини, тоа ќе се случи на 31 август, 2 и 4 септември.
Нашата спортистка е параолимписки победник од Лондон 2012 година.
Иако нашиот Параолимписки комитет аплицираше за дополнителна вајлд карта за Александар Јовановски, сепак комисијата не му ја додели. На тоја начин Оливера Наковска Бикова остана единствената која ќе ја претставува Македонија во Париз на Параолимписките игри.

