Македонската фудбалска репрезентација дебитира на ЕП со натпреварот против Австрија, а селекторот Игор Ангеловски се определи со формација 3-5-2 да настапи на дуелот со Австрија кој го играме од 18 часот во Букурешт.
На голот ќе биде Димитриевски, во одбраната Муслиу, Велковски и Ристовски, додека во средниот ред ќе настапат Алиоски, Адеми, Барди, Елмас и НИколов.
Нападот на Македонија ќе биде составен од Пандев и Трајковски, но секако дека во фаза на напада ќе се приклучуваат и неколку наши играчи од средниот ред.

