Македонската фудбалска репрезентација направи пад на најновата ФИФА ранг-листа од една позиција.
По ремито со Молдавија и поразот од Црна Гора, Македонија загуби вкупно 7,98 поени и сега има 1.354,19 поени со кои се најде на 69. позиција на рангирањето. Веднаш зад нас се токму Црногорците кои нè победија во Анталија.
На врвот немаше промени. Аргентина и натаму е најдобро рангирана светска селекција, пред Франција, додека третото место сега го презедоа Белгијците, кои ја минаа Англија која е на 4. место.