Македонската репрезентација до 21 година се враќа од гостувањето на Фарските Острови со остварена цел, освоени 3 бода од ова гостување.
Домашната селекција покажа дека неслучајно славеше против Израел пред неколку дена и одигра црвст натпревар со Македонија. Нашата репрезентација дојде до водство во 16-та минута преку Милан Ристовски и долго го чуваше ова водство кое во 80-та минута Ацковски го зголеми на 2:0. Пред крајот на мечот имаше уште еден гол, но овој пат во нашата мрежа, а го постигна Кнудсен во 84-минута.
Македонија У21 во следната квалификациска рунда ќе игра против казахстан на гостински терен, а дуелот е закажан во октомври. Нашиот национален тим моментално е на второто место со десет бода, а зад нас е Израел со осум, но и со меч помалку, па следат Црна Гора и Казахстан кои имаат по седум бода.

