Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена на првиот натпрева од квалификациите за СП во Катар 2022 година. Романија ги искористи своите шанси и славеше со 3:2 против нашата репрезентација на мечот одигран во Букурешт.
Македонија добро го започна натпреварот, а првата шанса ја имаше Несторовски во 8.минута кога на двапати не успеа да упати удар кон противничкиот гол од солидна позиција по додавањата на Алиоски и Пандев.
Романија успеа да дојде до предност со голот на Танасе во 28.минута откако беше добро проигран во нашиот шеснаесетник од Кирикеш.
По примениот гол Македонија имаше де шанси преку Елмас и Пандев, но нивните удари не заврпија на вистинското место, првиот покрај голот, а вториот беше изблокиран.
На стартот на вториот дел шок за нашите навивачи, Михаила освои топка на средината на теренот, сам се проби низ нашата одбрана и упати одличен удар од далечина, а голмано Димитриевски беше немоќен, па Романија поведе со 2:0 во 50.минута.
Во финишот од натпреварот макеоднија со головите на Адеми во 83.минута и Трајковски во 84.минута успеа да го израмни резултатот на 2:2, но не издржаа многу нашите репрезентативци, па Романија повторно се вртаи во предност преку нововлезениот Хаџи во 86.минута кој постигна гол за 3:2 кој беше и конечен резултат на оваа средба.
Следниот натпревар Македонија го игра на домашен терен против Лихтенштајн во недела од 20.45 часот во Скопје.
ФОТО: uefa.com

