Утре во Белград започнува Светско првенство во борење за сениори. Македонија на овој собир на најдобрите светски борачи ќе настапи со 7 репрезентативци.
Според планот, за Белград отпатуваа Бесир Алили (61 кг.), Фати Вејсели (70 кг.), Дејан Митров (86 кг.), Владимир Егоров (57 кг.), Расул Шапиев (74 кг.), Ахмад Магомедов (79 кг.), Магомедгаџи Нуров (97 кг.), како и Вероника Рјабоволова која ќе не преставува во женска конкуренција до 50 килограми.
Светското првенство е прв филтер за олимписка норма за Игрите во Париз 2024 година.