Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија со трето реми во септемвриските квалификации за СП
    Фудбал

    Македонија со трето реми во септемвриските квалификации за СП

    risteBy riste08/09/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација не успеа да победи и во третиот натпревар од овој квалификациски прозорец во месец цептември.

    Вечерва во Скопје во дуелот со Романија повторно доминираа со својата игра и создадоа неколку шанси , но не успеаа да го направат она најважното во фудбалот – да се постигне гол.

    Македонија и во првото и во второто полувреме имаше повеќе посед на топката, направи неколку шанси , но немаше завршница на истите и голманот на Романија не беше совладан. Во првиот дел по една грешка на нашата одбрана, Романија имаше одлична шанса, но Димитриевски успеа да го одбрани тој удар.

    Во вториот дел Макеоднија најубавата шанса ја имаше преку Елмас кој упати идар, а еден противнички играч го смени правецот на топката, а голманот Нита со крајни напори со нога не дозволи Македонија да дојде до предност.

    До крајот на натпреварот нашите репрезентативци не успеаа да направат шанса за да дојдат до предност и победа на оваа средба. Македонија во три натпревари овој септември покажа добра игра, но успеа да освои само три бода кои ја оддалечуваат од битаката за втората позиција на табелата.

    Во Октомври најнапред не очекува гостување кај Лихтенштајн, па домашен меч со Германија и завршуваме со гостување кај Ерменија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Броја може да заигра во Серија „А“

    06/12/2023

    Артета: посебна ноќ

    06/12/2023

    Црномурестиот играч ќе може да направи трансфер

    06/12/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Броја може да заигра во Серија „А“
    • Артета: посебна ноќ
    • Црномурестиот играч ќе може да направи трансфер
    • Одложениот меч Баерн Минхен – Унион Берлин ќе се игра на 24 јануари 2024 година
    • Јокиќ и Тејтум ги добија признанијата за ноември
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.