Младата фудбалска репрезентација на Македонија У 21 одигра без голови со Косово и во вториот пријателски меч кој денеска беше реализиран на тренинг центарот на ФФМ. Со тој резултат заврши и претходниот меч во Приштина. Селекторот, Горан Станиќ, вели дека акцент бил ставен на дефанзивата а допрва ќе се размислува на офанзивниот пристап.
„Ќе сумирам за почеток, два собира. Тој во Анталија и овој сега на кој главен акцент беше ставен на дефанзивата. Тоа што го испланиравме го одработивме. Задоволен сум“ – рече Станиќ.
„На наредниот собир во септември ќе бидеме посветени исклучиво на офанзивата. Имаме проблем со реализација и ќе се работи на тој сегмент“ – нагласи Станиќ.

