Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија У21 со пораз од Русија, Таневски дебитираше со 2:3
    Фудбал

    Македонија У21 со пораз од Русија, Таневски дебитираше со 2:3

    risteBy riste28/09/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 2:3 од Русија во пријателскиот натпревар кој попладнево се одигра на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје. Така, новиот селектор Александар Таневски дебитираше со пораз на клупата на младата селекција.

    Натпреварот го одбележаа дури четири гола од белата точка. Главен актер беше судијата Игор Стојчевски, кој досуди дури четири пенали, одлуки кои предизвикаа реакции поради нивната дискутабилност.

    Македонија имаше свои шанси, а во неколку наврати и одлични можности за погодок преку Мехмед, Масларов и Манојлов, но гостите први се радуваа. Окишор во првото полувреме погоди од пенал за 0:1, а Бобер во 57. минута одново од белата точка зголеми на 0:2.

    Ташовски во 79. минута намали на 1:2, исто така од пенал, но радоста на домашните траеше кратко. Само две минути подоцна Ахмедов ја врати предноста од два гола за Русија, погодувајќи за 1:3.

    Конечниот резултат го постави Ташовски со својот втор погодок, повторно од белата точка, за 2:3.

    Светла точка во македонскиот состав беше голманот Вргов, кој со неколку добри интервенции спречи поубедлив пораз на нашата селекција.

    Македонија сега се насочува кон квалификациските предизвици за Европското првенство. На 1 октомври во Битола ја пречекува Црна Гора, а четири дена подоцна гостува кај Шведска.

    За Македонија настапија: Вргов, Радески, Велков, Мурати, Атанасовски, Шаботиќ, Масларов, Хоџа, Манојлов, Џангаровски и Мехмед.

    Играа уште: Митрев, Танчев, Димовски, Трпевски, Арифи, Ташев и Ташовски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.