Фудбалската репрезентација на Макеоднија убедливо го совлада Лихтенштајн во 2.коло од квалификациите за СП во Катар 2022 година. Нашата селекција славеше со 5:0 против селекцијата која ни беше планирана за освојување на сигурни бодови.
Македонија одлично го започна натпреварот и од првиот директен удар упате кон голот на Лихтенштајн дојде до предност. Слободен удар изведе Енис Барди, а топката не успеа да ја прифати најдобро гостинскиот голман кој дозволи таа за да заврши во неговата мреша за водство на македонија од 1:0 во 7.минута. Само 5 минути подоцна, повторно нов слободн удар за нашата репрезентација кој го изведе Барди, но овојпат топката заврши во пречката од голон на Лихтенштајн. Во продолжение на првото полувреме спласнаа нападите на Македонија и се играше меѓу два шеснаесетника со неколку обиди на Македонија да го зголеми водството, но на полувреме се замина со оние 1:0.
Второто полувреме почна одлично за нашата репрезентација, Александат Трајковски постигна два гола во 51.минута и во 54.минута за зголемување на предноста на Македонија на 3:0. Благодарение на голот на Елиф Елмас, а на асистенција на Несторовски, Макеоднија дојде до редност од 4:0 во 62.минута од натпреварот. Конечниоте 5:0 на оваа средба ги постави Илија Несторовски кој го реализираше пеналот во 82.минута од средбата.
Следниот натпревар нашата фудбалска репрезентација го игра на 31.март во Дуизбург кај големиот фаворит Германија, селекција која вечерва славеше во Букурешт против Романија со 1:0.
ФОТО: uefa.com