Македонската фудбалска репрезентација вечерва на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ (Кошево) во Сараево ќе го одигра пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина. Ова ќе биде шести натпревар меѓу А-селекцијата на БиХ и Македонија и сите се пријателски.
Имаме една победа, еден пораз и три нерешени средби.
Во 1998 година на свој терен Македонија против БиХ одигра 1:1, следуваше средба две години подоцна на гости кога Босанците победија со 1:0. Во 2002 на “Грбавица“ беше 4:4, а во 2004 победивме дома со 1:0 со голот на Горан Пандев. Последната пријателска средба беше во 2008 година на гости 2:2.
Инетересно е тоа што двајцата селекторите Гоце Седлоски и Сергеј Барбарез имаат многу одиграни средби на овие дуели. Нашиот селектор Седлоски играл на четири меча против БиХ, додека Барбарез на три против Македонија. Ова значи дека трипати играле еден против друг на теренот како играчи, а вечерва за првпат ќе бидат еден против друг како селектори.
Секако дека најнтересен беше дуелот на „Грбавица“ на 27 март 2002 година кога реултатот беше 4:4. Тогаш репрезентациите на Македонија и БиХ беа предводени од Никола Илиевски – Џиџи и Блаж Слишковиќ.
На таа средба головите за Македонија ги постигнаа Артим Шаќири хет – трик и Саша Ќириќ еден гол. Два гола на таа средба за БиХ постигна сегашниот селектор Сергеј Барбарез.
Натпреварот меѓу БиХ и Македонија ќе го суди Раде Обреновиќ од Словенија, а започнува во 20.30 часот.

