Италија, Англија, Украина и Малта. Тоа се противниците на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
На денешната ждрепка во Франкфурт, нашата репрезентација се најде во најсилната можна група со три исклучително квалитетни селекции кои че се борат за директен пласман на Еуро 2024.
Квалификациите стартуваат на 23/25 март следната година, а треба да завршат до крајот на годината. Првите две селекции од секоја група одат на Еуро 2024, каде директно е пласиран домаќинот Германија.
