Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Македонија загуби од Норвешка во 2. коло на БЏК
    Тенис

    Македонија загуби од Норвешка во 2. коло на БЏК

    risteBy riste08/04/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Несреќен пораз на македонската женска тениска репрезентација од 2:1 на дуелот со Норвешка во 2. коло од Ц групата на Били Џин Кинг купот што се игра во Ларнака, Кипар. По двата сингл меча резултатот беше нерешен 1:1, па така победникот во овој меч се решаваше во играта во двојки.

    Македонскиот дубл добро го почна мечот и имаше водство од 4:1 во гемови, но потоа ривалките направија серија од пет гема и го добија првиот сет 6:4 во гемови што значеше водство од 1-0 во сетови. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска „се вратија“ во мечот и изедначија на 1-1 во сетови откако вториот сет го добија на убедлив начин со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Улрике Еикери и Малене Хелго од Норвешка поведоа со 4:1 на поени и предноста ја одржуваа искористувајќи ја втората меч топка и решавачкиот сет го добија со 10:5 на поени.

    Претходно во првиот сингл меч Еикери ја совлада Стоилковска со 2-0 во сетови (63 62) и Норвешка поведе со 1:0, а Ѓорческа изедначи на 1-1 откако го доби мечот со Хелго со убедливи 2-0 во сетови (60 62).

    Утре во мечот од третото коло Македонија ќе игра против Косово.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Монфис ќе има нова улога во тенисот

    07/11/2026

    По 13 години Лина Ѓорческа ќе добие нов тренер, Лабудовиќ ја објави разделбата!

    05/11/2026

    Јаник Синер се повлекува од Мастерс турнирот во Шангај

    03/10/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.