Македонската женска тениска репрезентација загуби во клучниот дуел против Португалија и не успеа да се пласира во Група 2 од Били Џин Купот.
Во првиот натпревар нашата послабо рангирана тенисерка Магдалена Стоилковска немаше сили за надигрување со Матилда Жорге. Португалката беше поуспешна во тај-брејкот во првиот сет и славеше со 7-4, додека во вториот сет се избори за брејк повеќе и обезбеди водство за својата селекција од 1-0. Во вториот дуел нашата најдобара тенисерка, Лина Ѓорческа ја оправда улогата на фаворит против Франциска Жорге. Ѓорческа за само 59 минути дојде до убедлива победа од 6:1, 6:1 и се избори за одлучувачки меч во двојки.
Ѓорческа и Стоилковска по голема борба загубија од Матилде и Франческа Жорге. Португалскиот пар со еден брејк во третиот сет успеа да слави со 6:4 и триумф над Македонија.

