Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа на гостувањето кај Ерменија во Ереван совладувајќи го домашниот тим со 5:0.
Нашите репрезентативци уште од самиот почеток на натпреварот покажаа дека се решени да се вратат од ереван со освени 3 бода, а се добро почна за Македонија во 22 минута кога Трајковски на асистенција на Ашковски погоди за 1:0. По една убава акција во 36.минута, Барди по асистенцијата на Елмас ја донесе Македонија во водство од 2:0. Во вториот дел Македонија ја контролираше играта и создаде неколку шанси, за во 66 минута биде досуден пенал кој го реализираше Барди за зголемено водство од 3:0. До крајот на натпреварот Македонија успеа да постигне уште два гола, преку Милан Ристовски во 79 минута и Енис Барди од пенал во 90.минта од натпреварот.
Ова беше најдобрата игра и пред се реализација на нашите репрезентатовци под водство на селекторот Благоја Милевски. Сега нашите репрезентативци ги чека враќање во Скопје и одигрување на последниот натпревар со Исланд на 14.ноември (недела) од 18 часот.