Нашите најдобри фудбалери денеска загубија од Азербејџан со 3 спрема 1 на контролниот меч одигран на Арената во Скопје.
Селекторот, Благоја Милевски, излезе со комбиниран состав во кој имаше повеќе играчи што досега не добиваа голема минутажа.
Македонија поведе со голот на Барди од пенал во 25 минута а изедначувањето дојде во 38-та преку Џафаргулиев. Головите за победа на гостите ги реализираа: Гурбали во 65-та и Шејдаев во финишот на мечот.