Гимнастичарката Илина Соколовска (15), која со семејството живее во Германија, е прогласена за мајстор на Северна Вествалија. Илина минатата недела по 18 месеци пауза се натпреваруваше на најголемиот турнир во Хависбек, Вествалија и освои две медали, додека на натпреватор, кој се одржа во Јена, во републиката Туринген го освои четвртото место.
„Илина стана првак на Вествалија, по пауза од 18 месеци, кога поради пандемијата сите натпревари беа стопирани. Во Хависбек настапи со чуневи и топка, со две кореографи и два пати освои најмногу поени. Како првак на Вествалија, пак, ја преставуваше републиката на најголемиот турнир во Туринген и од 34 гимнастуичарки што беа на турнирот освои 4 место. Илина веќе се натпреварува во Бундес лигата и на 20 ноеври ја очекува нов натпревар, кој ќе се одржи во Берлин“, вели нејзиниот татко Горан.
Илина, како и сите во светот се соочува со пандемијата, која во голема мера ги застана животите на сите. Спас од неа се вакцините и имунизирањето на населението. Илина има 15 години, нејзиното семејство е имунизирано, но за да продолжи со натпреварите, тоа се очекува и од неа.

