Македонската теквондистка Мила Рељиќ имаше успешен настап на Европското првенство во Софија, со тоа што стигна до бронзениот медал.
На патот до бронзата на ова ЕП, Мила Рељиќ беше поуспешна од Ива Петровиќ од Србија (2-1), Инес Тарвида од Летонијаа (2-1) и од актуелната европска шампионка до 21 година Хелена Кичема со 2-0.
Во борбата за влез во финалето, Рељиќ загуби од сестрата на Инес Тарвида-Јоланта, но со освоениот бронзен медал најави успешни настапи и на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Баку, на почетокот на јуни, и Европските олимписки игри кои се одржуваат во Краков на крајот од јуни.