Нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, ќе добие понуда да ја продолжи кариерата во италијанскиот гигант Наполи откако тренерот, Џенаро Гатузо, јавно откри дека го планира на подолг период.
Тој пред сезоната за 16 милиони евра реализираше трансфер од Фенербахче во Наполи а сега италијанските медиуми неведуваат дека ќе добие можност да ја продолжи соработката со „наполитанците“ и тоа до јуни 2025 година.
Емас во дебитантската сезона има има еден гол и една асистенција, но, очигледно со неговите настапи ги задоволи вкусовите на калчо-лигашот.