Македонскиот голман Дејан Илиев повторно ќе биде дел од шампионатот на Словачка односно ќе го носи дресот на Серед.
Словачкиот тим по втор пат го привлече нашиот голман, кој при првиот престој во овој тим имаше одлични настапи една полусезона, па така што одлучи уште еднаш да му се приклучи на овој клуб. Дејан Илиев сеуште е под договор со тимот на Арсенал, но вообичаено оди на позајмици во други клубови.
Па така и овој преоден рок решава каде ќе замине на позајмица. За жал Дејан Иливе никогаш не доби вистинска шанса во Арсенал, а можеби една од причините се бројните повреди кои беа немилосрдни кон неговата кариера.