За најдобра спортистка беше прогласена Мери Акиевска (боди билдинг) а за најдобра спортистка со попреченост наградата ја прими Јулијана Петровска – Специјална олимпијада на Македонија.
Најдобра млада спортистка е Мила Релиќ- таеквондо, најдобар женски тренер е Билјана Црвенковска а за најдобра женска репрезентација е прогласена фудбалската до 17 години. Посебното признание за животно дело замина во рацете на Катица Димова додека наградата за спортски подвиг за 2023 го освои Благица Владимирова.
Најуспешна спортска новинарка, според МОК, годинава е Јана Серафимовa Петровска а најуспешна менаџерка Билјана Кузмановска Николовска. Анета Павловска беше прогласена за најдобра судијка а Велосипедската федерација за најуспешна во унапредување на родова еднаквост.

