Од 12-26 јуни во Берлин ќе се одржат Летните олимписки игри за атлети со атипичен развој, 19 атлети од Макеоднија ќе бидат дел од преку 7000 спортисти од 190 земји како и 20.000 волентери кои ќе бидат во Берлин.
За подготовките, но и очекувањата од игрите зборуваа на прес конференција во Агенцијата за млади и спорт, која е поддржувач на настапот на македонските спортисти.
„Огромно задоволство и чест ми е како спортист и директор на Агенцијата за млади и спорт да го најавам најголемиот спортски собир за спортисти со атипичен развој, олимписките игри. Настапот на едно вакво големо натпреварување е вистинска можност за претставување на државата, но и можност за добивање на нови искуства“, рече директорот на АМС Наумче Мојсовски.
На прес-конференцијата за самиот настан зборуваа и водечките лица од специјална олимпијада Македонија, Моника Бошкоска како претседател и Драган Караџовски, национален директор на специјална олимпијада.

Македонските претставници ќе настапат во пет дисциплини: пливање, кошарка, бадмингтон, атлетика и пинг понг.