Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонските џудо репрезентативци Шерифовски и Чакаровски настапуваат на ЕП во Софија
    Домашен микс

    Македонските џудо репрезентативци Шерифовски и Чакаровски настапуваат на ЕП во Софија

    risteBy riste29/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонските репрезентативци Еди Шерифовски (категорија до 81 килограм) и Андреј Чакаровски (90 кг) ќе настапат на Европското првенство кое од денес, 29 април до 1 мај ќе се оддржи во Софија, Бугарија.

    Нашите натпреварувачи своите први настапи ќе ги имаат утре и во недела, Еди Шерифовски во првото коло во категоријата до 81 кг. ќе се натпреварува со Михаил Латисев од Молдавија и тоа утре додека Андреј Чакаровски во недела до 90 кг ќе се натпреварува во првото коло против Јохан Ленц од Германија. Македонската делегација во Софија ќе ја предводат претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски и селекторот Горан Мицкоски.

    Покрај настапот на двајцата џудисти, престојот на првенството ќе биде искористен и за работен состанок помеѓу претседстелот на ЏФМ, Владимир Трпаноски  и на претседстелот на Европската Џудо Унија Отто Кнеитингер. На работниот состанок кој е по покана на претседстелот на Европската Џудо Унија Отто Кнеитингер ќе се дискутира за стратешкото планирање за развој на џудото во Македонија како и организација на некој од следните големи европски натпревари во Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ракометарките денеска ќе ги дознаат противниците на ЕП

    28/04/2022

    Ковачевски и Мојсовски ја означија реконструкцијата на салата – „Партизан“

    21/04/2022

    Давидовски тестираше на Монца пред стартот на ТЦР шампионатот

    18/04/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    Маркетинг

     

    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Челзи го гледа Пау Торес како замена за Антонио Рудигер
    • Македонските џудо репрезентативци Шерифовски и Чакаровски настапуваат на ЕП во Софија
    • Ралф Рангник е нов селектор на репрезентацијата на Австрија
    • Рангник: Кристијано сам треба да каже дали сака да остане
    • Тен Хаг го сака Дибала како прво засилување во новиот Манчестер Ј.
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.