Македонскиот шампион Шкендија денеска ќе го добие противникот во квалификациите за Лигата на шампионите.
Пред ждрепката во Нион точно напладне, тетовчани ги дознаа и можните противници, тоа се: ХЈК Хелсинки од Финска, Конах од Велс, Мура од Словенија и Борац Бања Лука кој е шампион на Босна и Херцеговина.Првите средби од квалификациите ќе се играат на 6 и 7 јули.
Нашите претставници во новата УЕФА Конференциска лига, Шкупи, Струга ТЛ и Силекс исто така ги дознаа можните противници за 1. квалификациско коло. Шкупи може да игра против Сфинтул од Молдавија, Динамо Батуми од Грузија, Љапи од Косово или Урарту од Ерменија. За Струга Трим Лум можни противници се: Рунавик од Фарски Острови, Липаја од Летонија, Спартак Трнава од Словачка, Дандалк од Ирска и Брејдаблик од Исланд. За Силекс со можни противници се: Фехервар од Унгарија, Сутјеска од Црна Гора, Петроклуб од Молдавија и Широки Брег од БиХ.

