Македонската фудбалска експедиција го напушти Букурешт и од денес е во Амстердам, градот каде ќе го одиграат треттиот натпревар на ЕП. Нашите фудбалерите ги загубија првите два натпревари, но за Амстердам отпатуваа по првиот бод или првата победа на ова Европското првенство.
По пристигнување и сместување во хотелот, следува мала пауза за играчите. Оние кои не играа на дуелот со Украина ќе имаат целосен тренинг, а сотанатите ќе паузираа на тренингот кој е закажан за 18.00 часот.
Последниот меч на ЕП за Македонија ќе биде во понеделник која на „Јохан Кројф“ арената ќе играме против домаќинот Холандија.
Нашиот противник веќе обезбеди пласман во осминафиналето, а тоа значи дека можеби ќе ги одмара силите за нок-аут фазата. Тоа може да биде само дополнителен мотив нашите репрезентативци да се обидат д адојдат до позитивен резултат.

