Македонската фудбалска репрезентација од вчера попладне е во Торшавн, каде утре (сабота) ќе ги почне натпреварите од своето четврто учество во Лигата на нации. Ладно време, ветер и тренинг на терен со вештачка трева беа за добредојде на избраниците на селекторот Благоја Милевски на Фарски Острови.
Целта на првиот тренинг беше да се почувствува местото, теренот и времето во Торшавн. Македонија нема да може да смета на неколку играчи кои поради повреда не отпатуваа со репрезентацијата, а денес официјалниот тренинг ќе биде од 15:00 часот по македонско време.
За овој натпревар е делегиран литванскиот судија Манфредас Лукјанчукас, а ќе му помагаат неговите сонародници Александрас Степановас и Мангирдас Мираускас. Четврти судија ќе биде Вилиус Пауласкас.
Македонија и Фарските Острови никогаш во историјата не играле натпревар од официјален карактер во сениорска конкуренција. Натпреварот меѓу Фарски Остови и Македонија се игра в сабота од 15 часот.

