Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија со чартер лет отпатува за Букурешт, градот каде ќе дебитира на ЕП во јуни, но и градот од каде ги започнува квалификациите за СП во Катар 2022 година.
Македонија во претходните квалификации за ЕП беше на третото место, но преку Лигата на нации обезбеди место на Европското првенство и сега како учесник на истото ќе биде гостин на Романија. Селекторот има проблеми со повредени, незалечени и ковид-позитивни, но сепак со доволно квалитетен состав ќе гостуваме кај Романија. Аријан Адеми нема да може да настапи на овој натпревар, но отпатува со националниот тим и покрај болките и проблемите кои ги има со поведата.
Вечерва нашите репрезентативци ќе тренираат на „Националната Арена“ во Букурешт, а утре на истиот стадион ќе играат против Романија која никогаш не сме ја победиле во официјален натпревар. Натпреварот ќе се игра утре во вечерниот термин од 20:45 часот.
Фото: sportmedia.mk