Македонската фудбалската репрезентација пристигна во Бугарија каде ќе го игра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на нациите.
Експедицијата по еден час лет слета на аеродромот во Варна, а селекторот Благоја Милевски им даде слободно попладне на играчите, поради утринскиот тренинг кој го имаа.
Официјалниот тренинг Македонија ќе го има утре (среда) од 18:00 часот, а еден час претходно е закажана и прес-конференцијата на селекторот Милевски и капитенот Енис Барди.
Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија се игра во Разград в четврток со почеток од 18:00 часот.