Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонските каратисти во борба за медал на ЕП во Гвадалахара
    Домашен микс

    Македонските каратисти во борба за медал на ЕП во Гвадалахара

    risteBy riste29/03/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европскиот шампион Емил Павлов и Пулексенија Јованоска се пласираа во мечевите за медали на 54 европско првенство во карате, на кое учествуваат 508 каратисти од рекордни 51 земја. Во категорија – 60 килограми Павлов имаше 3 победи и пораз во полуфиналето, со што обезбеди најмалку 5 место. Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година двапати беше европски шампион, во 2014 година во Тампере и минатата година во Нови Сад, а во 2016 година во Монпелје освои бронзен медал.

    Во натпреварите во кати според новиот систем на бодување Пулексенија Јованоска мина 3 кола и обезбеди меч за бронзен медал.Нашата најдобра натпреварувачка во кати пред три години во Монпелје оствари пласман на 5 место, што е досега најдобар резултат во оваа дисциплина во поединечна конкуренција.

    Три одлични борби имаше и Берат Јакупи, кој во категорија – 84 килограми загуби во четвртото коло, но како и на светското првенство во Мадрид немаше среќа да се бори во репасаж. Од другите натпреварувачи, Наташа Стефановска стигна најдалеку од каратистките во борби, со 2 победи во категорија – 61 килограм.

    Утре на програмата на европскиот шампионат се борбите во екипна конкуренција, на кои ќе настапат нашите каратистки и каратисти во борби. Борбите за  бронзени медали се во сабота од 9.30 до 11.30 часот, кои ќе се пренесуваат во живо на karateworld.tv каде што ќе настапат Павлов и Јованоска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Илиоски во полуфинале на СП во кик-бокс

    22/11/2023

    Три сребра во Бундеслигата – Илина Соколовска со македонски пасош ја освои Германија

    20/11/2023

    Директорот на АМС организираше средба со европскиот шампион

    17/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Нандез ќе замине во друг тим
    • „Виси“ столчето на Пиоли
    • Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување
    • Познати четвртфиналните двојки за НБА Купот
    • Барселона за првпат во осминафиналето на ЛШ по заминувањето на Меси
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.