Македонските олимпијци се подготвуваат за своите настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои вчера и официјално беа отворени.
Крос-кантри натпреварувачите Ставре Јада и Ана Цветановска ја почувствуаа подлогата на главната патека во нордијските дисциплини и тоа маскирани во црвено-жолта боја. Ана Цветановска денес требаше да го има и своето деби, но не доби шанса да се натпреварува на 7,5+7,5 километри – скијатлон, па така првиот настап ќе го има на десети овој месец на 10 километрои-класично, трката е закажана со почеток во 08:00 часот по македонско време.
Ставре Јада ќе учествува во квалификации за спринт слободно на 1,5 км и 50 км слободно, на осми и деветти февруари. Дардан Дехари кој е нашиот единствен натпреварувач во алпско скијање ќе настапи во велеслалом и слалом на 13 и 16 февруари.