Првиот ден од учеството на Светските универзитетските игри на боречки спортови во Самсун, Турција, нашите каратисти успеаја да се изборат за две борби за бронзен медал.
Ангела Мојсовска во категорија -68 кг и Викторија Јовановска во категорија -61 кг в петок ќе се борат за бронзени медали. Мојсовска беше многу блиску до финалето но, за жал не успеа предностa да ја реализира во победа. Младата спортистка Јовановска успеа преку борба во репасаж да обезбеди исто така борба за бронзен медал.
Репрезентативците Давид Петков -67 кг, Моника Пендаровска -55 кг и Марија Петровска -50 кг настапуваат денеска. Утре на програмата се екипните настапи за мажи и жени додека в петок се борбите за медали.