Македонската фудбалска репрезентација немаше многу време за одмор по вчерашниот натпревар со Лихтенштајн затоа што уште утринава нашите репрезентативци заминаа за Ереван, Ерменија каде во вторник ги чека нов натпревар од Лигата на нации.
Позитивен резултат во вторник против Ерменија ќе значи чекор поблиску до пласман на првото место во нашата група. Иститет оние фудбалери кои беа во комбинација за домашниот меч со Лихтенштајн заминаа за Ерменија, а попладнево од 18:00 часот е предвиден првиот полесен тренинг, кој ќе биде рекуперација по натпреварот против Лихтенштајн.
Утре ќе биде одржан официјалниот тренинг и прес-конференција, а натпреварот меѓу ерменија и Македонија е на програмата во вторник на 16 октомври во 18:00 часот.