Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп во женска конкуренција.
Чаир во второто коло го доби составoт на Ајдовшчина.Првиот меч ќе биде во Словенија а реваншот во Скопје. Металург ќе игра со Диферданж. Првиот меч ќе биде во Македонија а вториот во Луксембург. Тимот на Куманово ќе ги одмери силите со Каскада Гарлијава од Литванија. Кумановки во првата средба ќе гостуваат. Нашиот шампион Ѓорче Петров ќе започне од 3 коло. Неговиот противник ќе се дознае по завршувањето на првите две рунди.
Првите натпревари од второто коло се закажани за 26/27 септември додека возвратните мечеви ќе се одиграат на 04/05 октомври.

