Одличен прв ден за македонските таеквондисти на силниот меѓународен турнир „Скопје Опен Г1“, кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. Уште на старот освоени се шест медали (по три сребра и три бронзи).
Со сребра се закитија Душица Бреслиева, Ведрана Тунески и Ненда Целески, а со бронзи Теодор Стојановски, Антонио Негријевски и Дамјан Василевски.
Денеска на програмата се и финалните борби во сениорска конкуренција.

