Ренова, Шкендија и Силекс ќе играат против екипи од регионот во новата квалификациска рунда во фудбалската Лига на Европа.
„Гипсарите“ како домаќини ќе излезат на мегдан со хрватскиот Хајдук додека Шкендија ќе гостува кај Ботошани. За романскиот состав настапуваат нашите интернационалци Стефан Ашковски и Давид Бабунски.
Екипата на Силекс која испадна од квалификациите за ЛШ сега ќе игра во втората елиминациска фаза во ЛЕ. Кратовци во улога на домаќини за противник ќе ја имаат екипата на Дрита од Косово. Сите средби ќе бидат одиграни на 17 септември.

